Дома Здравје Храна која го исфрла никотинот од телото

Храна која го исфрла никотинот од телото

165
0

Сите сме свесни за негативните ефекти на цигарите и никотинот врз нашето тело. Доколку сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин да го исчистите организмот од никотин е со помош на овие намирници.

Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но му помага и на телото да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.

Брокула, карфиол, зелка

Освен што овој зеленчук содржи полифеноли за кои се покажало дека се корисни за намалување на разни воспаленија во дигестивниот систем, содржат и антиоксиданси кои го чистат организмот од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни квалитети.

Зелен чај и витаминска вода
Со пушење, телото ја губи потребната течност и телото многу побрзо дехидрира. Пиењето голема количина домашна витаминска вода која лесно можете да ја подготвите сами, а зелениот чај полн со антиоксиданси го исфрла никотинот од телото.


Моркови
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овие грди несакани ефекти од пушењето, јадете што повеќе моркови. Содржи големи количини на витамини А, К, Ц и Б кои се главните средства за чистење на телото. Морковот исцедете го во соковник помешан со јаболко и лимон или ставете го во салата.

Киви, лимони и портокали
Освен водата, никотинот ги отстранува од телото витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и му помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, посегнете по киви или чаша лимонада. Сокот од портокал го хидрира телото, му ги обезбедува потребните витамини, но и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пијте помеѓу оброците.

Извор: zadovoljna.hr

Претходна објаваПоопасна од холестеролот и шеќерот!Оваа киселина, која ретко ја проверуваме, го уништува нашето тело
Следна објаваСè што не сте знаеле за Мексико

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име