Дома Здравје Храна за намалување на холестеролот

Храна за намалување на холестеролот

650
0

Колку холестерол ќе се создаде кај човекот зависи од начинот на исхрана. Сепак, една храна која секогаш можеме да ја купиме во здравата храна се покажа како совршена во намалувањето на холестеролот.

Холестеролот му е потребен на нашето тело во одредени количини. Тој игра важна улога во процесот на варење, производството на хормони и витамин Д. Холестеролот главно се наоѓа во храната од животинско потекло, но и во нашите клетки.

Но, доколку ги надмине дозволените вредности, може да биде исклучително опасно за нашето здравје. Вишокот холестерол има тенденција да се залепи на внатрешните ѕидови на крвните садови, што може да предизвика болести како што се мозочен удар, висок крвен притисок, атеросклероза, срцеви заболувања, болести на бубрезите итн.

Холестеролот се создава во црниот дроб, а неговата концентрација во крвта најмногу е поврзана со начинот на исхрана.

ЛДЛ е т.н лошиот холестерол и дозволените вредности во крвта се 1,55-4,53 mmol/l
HDL е т.н. добриот холестерол и дозволените вредности во крвта се 1,03-1,55 mmol/l

Зголемените вредности на ЛДЛ холестеролот најчесто се предизвикани од неправилна исхрана и стрес, додека покачениот ХДЛ главно е показател за заштита од кардиоваскуларни болести.

Една храна се покажала како особено важна кога станува збор за намалување на лошиот холестерол. Британската здравствена организација го оцени како „совршена храна“ за здрави крвни садови. Тоа е соја.

Најновите студии покажаа дека сојата може да го намали нивото на лошиот холестерол за 3%! Можеби бројката ви изгледа незначителна, но е исклучително важна за нашиот организам.

Научното списание „The Journal of Nutrition“ ги објави резултатите од ова истражување во 2019 година. Имено, внесувањето на 25 грама од оваа храна дневно во текот на шест недели може да го намали лошиот холестерол во крвта за 3 до 4%.

Претходна објаваОслободете се од надуеноста со овој зеленчук
Следна објаваЗошто на некои луѓе им е секогаш студено?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име