„Турски капи“: Брзи и едноставни колачиња
Турските капи се старомоден деликатес кој никого не остава рамнодушен со својата подготовка и неверојатен вкус.
Податливото и нежно тесто под вешти раце се претвора во неверојатни шари и ги испреплетува чувствата. Нема потреба да се зборува за вкусот, сочниот и полн со ароми проткаен во едно примамливо колаче со неверојатна боја.
Состојки:
Темно тесто:
2 јајца
2 лажици шеќер
2 лажици млако млеко
1 мала лажица квасец
2 лажици масло
1 лажица какао
Изматете убаво со миксер и додадете брашно по потреба, замесете и оставете да отстои 30 минути.
Светлоо тесто:
2 јајца
2 лажици шеќер
2 лажици млако млеко
1 мала лажичка квасец
2 лажици масло
100 грама кокосово брашно
Се матат со миксер и се додава брашно по потреба и се остава 30 минути. Додека тестото да се одмори се вари 700 грама шеќер со 250 мл. вода и изладете го. Кога тестото ќе нарасне, формирајте стапчиња, едно бело и едно црно и ги виткате едно околу друго, свиткајте ги во круг и ставете ги во тавче, оставете ги десетина минути да нараснат.Печете во загреана рерна околу петнаесет минути Со ладен шербет прелијте ги жешките колачиња и уживајте во вкусот.