Дома Твој готвач Турска компир салата

Турска компир салата

3143
0

Оваа вкусна турска салата од компир може да биде обилен и заситен прилог, а можете да ја послужите и како вечера.

Состојки
5 големи компири
2 лажици свеж магдонос
2 лажици свежо нане
3 лажици маслиново масло
3 лажица сок од лимон
1 лажичка сол
½ лажичка црн бибер

Сварете ги компирите
Во големо тенџере со солена вода, варете ги измиените неизлупени компири 20 до 30 минути или додека не омекнат.

Подгответе ја салатата
Оставете ги компирите да се изладат, а потоа излупете ги и исечете ги на поголеми парчиња.

Измешајте ги компирите со ситно сечканиот магдонос и нане.

Посипете со маслиново масло и сок од лимон. Потоа посипете со бибер и сол, промешајте и послужете ја салатата кога ќе се излади.


Ако не ја изедете цела, оставете го во фрижидер до нередниот ден. Оди како прилог со сардини, печен ослиќ, но и свинско, телешко или пилешко месо.

Извор: index

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име