Дома Здравје Туна или сардина? Еве која конзервирана риба е поздрава

Туна или сардина? Еве која конзервирана риба е поздрава

819
0

Не сите видови риби се подеднакво здрави

Рибата е исклучително здрава храна, пред се поради високиот процент на протеини и омега-3 масни киселини. Сепак, сите видови риби не се подеднакво здрави, па затоа треба да се внимава на зачестеноста на нивната употреба во исхраната.

Нутриционистите велат дека сардините се најдобрата конзервирана риба и со нив не можете да погрешите. Во 100 грама сардини има дури 25 грама протеини. Благодарение на големата количина на калциум, овие мали риби се исклучително важни за здрави и силни коски.


Туната има сличен процент на протеини, но помалку холестерол од сардините. Сепак, нивото на калциум е драстично пониско, а нутриционистите се крајно загрижени за количината на жива што може да се најде во туната.

Во некои компании во светот почнаа да го проверуваат процентот на жива пред да ја пакуваат туната во лименки, но тоа сепак е ретко.

Оваа штетна состојка е причината поради која многу експерти за исхрана пресудуваат во корист на сардината секогаш кога се поставува прашањето која риба е поздрава. Областа каде што е фатена рибата не е основа, иако е добро да се провери потеклото на содржината на конзервата секогаш кога е можно. Најзагадена е туната уловена во Северна Америка и Европа, а најмалку е онаа од северозападниот и југозападниот Пацифик.

Сепак, суштината лежи во местото на рибата во синџирот на исхрана – помалите риби се хранат само со планктони, па затоа се поздрави за човечка исхрана. Ако ви се чини дека поголемата – туната – е повкусна, обидете се да ги попрскате сардините со малку сок од лимон и да ги посипете со магдонос, можеби ќе се премислите.

На крајот, земете ги предвид количините. Нутриционистите препорачуваат максимум две лименки туна неделно, додека за сардини нема ограничување во овој поглед. Сепак, поради количината на сол во сардините, мора да ги послужите со несолена храна.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име