Дома Живот Три правила за појадок кои ќе ви помогнат да изгубите тежина

Три правила за појадок кои ќе ви помогнат да изгубите тежина

838
0


Појадокот е многу важен оброк – може да ви го разубави или расипе денот. Но, постојат правила во врска со овој оброк ако се обидувате да изгубите тежина. Овие три работи за кои треба да размислите за време на појадокот.

Јадете рано

Истражувањата откриле дека појадокот го подобрува метаболизмот и помалку сме гладни во текот на денот, па подоцна имаме поздрав ручек и поздрава вечера. За да му помогнете на вашето тело побрзо да согорува маснотии, појадете што побрзо откако ќе се разбудите.

Јадете додека не сте сити

Појадокот направете го богат и обилен за да не бидете гладни за два или три часа. Јадете храна што бавно се вари: храната богата со растителни влакна и богата со протеини е добар избор затоа што ќе ви ја даде потребната енергија. Бидете сигурни дека вашиот појадок не содржи многу шеќер.

Сепак не претерувајте

Голем појадок ќе ве засити, но не претерувајте. Јадете во умерени количини, колку што ви треба. Кога ќе се чувствувате сити, запрете. Не мора да јадете сè што е на вашата чинија.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име