Дома Здравје ТРИ КЛУЧНИ СИМПТОМИ КОИ СЕ ПОЈАВУВААТ ВО НОЌ И УКАЖУВААТ НА ДИЈАБЕТЕС:

ТРИ КЛУЧНИ СИМПТОМИ КОИ СЕ ПОЈАВУВААТ ВО НОЌ И УКАЖУВААТ НА ДИЈАБЕТЕС:

2588
0

Лекарот предупредува – веднаш јавете се кај вашиот лекар доколку го забележите ова!
Овие симптоми пред спиење укажуваат на дијабетес тип 2.


Иако дијабетесот може различно да влијае на луѓето, доктор Мекардл предупредил дека чувството на замор, жед и многу мокрење во текот на ноќта може да ја сигнализира состојбата, пренесува „Мирор“.

Дијабетесот тип 2 е честа состојба која предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта, што може да предизвика низа симптоми – вклучувајќи ги и оние кои се јавуваат пред спиење. Околу 13 милиони луѓе во ОК се изложени на ризик да ја развијат оваа состојба, што се случува кога вашиот панкреас или произведува премалку или воопшто не произведува инсулин, што доведува до цела низа проблеми.

Иако знаците на болеста може да варираат од личност до личност, д-р Пол Мекардл сподели клучен симптом кој „можеби не сте го забележале“

– Кога нивото на гликоза (вид на шеќер) во крвта е превисоко, тоа може да предизвика многу симптоми, меѓутоа, луѓето со дијабетес тип 2 често не забележуваат никакви симптоми пред дијагнозата – изјави тој и додаде:

  • Тоа е затоа што состојбата се развива бавно, а често правиме и крвни тестови на лица со висок ризик, па рано се открива. Сепак, постојат некои важни симптоми на кои треба да внимавате, вклучувајќи чувство на умор, жед и често мокрење – особено ноќе. Можеби не сте забележале дека сте почнале да пиете чаша вода кога одите во кревет или дека почесто станувате навечер за да одите во тоалет -тој вели.


Лекарот додаде дека „помалку видливи симптоми“ вклучуваат чешање на гениталиите, заматен вид или рани за кои е потребно подолго време да зараснат. Пиењето повеќе вода е поврзано со зголемената потреба за мокрење што доаѓа со дијабетес, бидејќи вашите бубрези работат дополнително за да го отстранат вишокот гликоза од крвта. Гликозата се акумулира во урината и, како резултат на тоа, носи многу течност со себе, објаснуваат од клиниката Мајо.

Претходна објаваЕмоциите се поттик за сите болести: Лутината го уништува стомакот, тагата го кине срцето, а неблагодарноста…
Следна објаваМНОГУ ЈА ИМААТ ОВАА НАВИКА ВО ТОАЛЕТ, А НЕ ЗНААТ ДЕКА ГО УНИШТУВА ЗДРАВЈЕТО: Воопшто не го правете ова, еве какви се последиците!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име