Дома Health Три вежби за вкочанет врат

Три вежби за вкочанет врат

231
0

Три вежби за вкочанет врат
За само 90 секунди ќе почувствувате олеснување

Вкочанетиот врат може да ви пречи кога спиете во неправилна положба, кога долго седите пред компјутер или во автомобил, но и кога сте подолго време под влијание на клима уредот. Дознајте како сами да го опуштите вкочанетиот врат за 90 секунди и да почувствувате олеснување.

Отечени лимфни јазли на вратот?Што ги предизвикува

Три решенија за вкочанет врат дава американскиот хиропрактичар др. Алан Мендел (Алан). Можете да пробате само една вежба или сите три. Вежбите делуваат затоа што ги издолжуваат мускулите на вратот.

Вежба 1 – Со прстите од спротивната рака на страната на вратот што ве боли, притиснете го вратот и свртете ја главата на страна додека не почувствувате болка. Додека ги притискате прстите на болното место, свртете ја главата колку што можете настрана. Потоа со прстите повлечете го мускулот на вратот кон внатре, односно кон клучната коска. Повлечете го мускулот од што повеќе точки на вратот.

Вежба 2 – Како и во првата вежба, со раката спротивна од страната на вратот што ве боли, фатете го горниот дел од главата, свртете ја главата за 45 степени и повлечете ја надолу. Држете 15 до 20 секунди, опуштете се и повлечете се уште повеќе и држете 15 до 20 секунди. Вратете ја главата исправена и повторно повлечете ја надолу, држете ја 15 до 20 секунди, опуштете се и повлечете уште посилно.

Вежба 3 – Во оваа вежба се користи истата рака како болната страна на вратот. Стиснете ја раката во тупаница, притиснете ја во вратот каде што ве боли и потпрете ја главата на тупаница. Дозволете тупаницата да навлезе во вратот и ќе знаете дека добро ви оди кога ќе почувствувате болка. Држете ја оваа позиција 15 до 20 секунди.

Претходна објаваЗошто има огледало во секој лифт?
Следна објаваБРЗА ДОМАШНА ПРОЈА: Подобра од која било пита – идеална замена за леб

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име