ТРИК СО ИСКУСНИ ДОМАЌИЧКИ Една ситница е доволна за да го „подигне“ тестото за 5 минути
Кога ќе го замесите тестото, обично треба да седи на топло место околу половина час до еден час за да се удвои во големина, но не мора повеќе да чекате толку долго.
Сакате да го изненадите семејството со свежи кифлички, но немате време да чекате тестото да нарасне? И за овој проблем има многу едноставно решение.
Откако ќе го замесите тестото, обично треба да седи на топло место од половина час до еден час за да се удвои во големина. Но, готвачката Анабел Самонс објави едноставен трик на Тик Ток кој ќе ви помогне да ги постигнете истите резултати за 5 минути.
Се што треба да направите е да ја доведете водата до вриење и потоа да ја истурите во огноотпорен сад. Потоа ставете го садот со тестото во (исклучена) рерна, а под него ставете го садот отпорен на топлина со топла вода.
Оставете така 5,6 минути.