Тридневна диета за слабеење до килограм дневно, а се што треба да направите е да го јадете ова
Тридневната диета е создадена во текот на осумдесеттите години, а на многумина им е позната како воена или морнаричка диета. Доколку за време на празниците претеравте со конзумирањето силна храна, оваа диета може да ви помогне да се „вратите во нормала“ и на некој начин да го детоксицирате организмот, но и да изгубите неколку килограми.
Со тридневна диета некои луѓе можат да ослабат и до 4 килограми (со тоа што пред се се работи за губење вода), но чувството на задоволство поради брзите резултати е одлично. Резултатите од оваа диета се засноваат на намален внес на калории и затоа метаболизмот се забрзува и се согоруваат масните наслаги.
Оваа диета е доста ригорозна, а доколку се одлучите да ја следите следете го правилото од 3 дена бидејќи во спротивно можете да го загрозите вашето здравје. Луѓето кои страдаат од одредени болести секогаш треба да се консултираат со лекар пред да направат какви било прилагодувања во исхраната.
Мени:
Појадок : половина грејпфрут, парче тост, две лажици намаз од кикирики и кафе или чај
Ручек: половина шолја туна, парче тост, кафе или чај
Вечера: 100 гр секаков вид месо, шолја зелен грашок, половина банана, мало јаболко и шолја сладолед од ванила