Дома Твој готвач Традиционалните велигденски штрудли ќе не вратат во детството…

Традиционалните велигденски штрудли ќе не вратат во детството…

797
0

Штрудла со семе од афион

Состојки:
500 гр. брашно,
1 квасец
80 гр.маргарин,
80 гр.шеќер,
2 жолчки од јајце, сол, кора од лимон,
2-3 дл млеко.
Полнење: 200 гр. семе од афион, 2,5 дл млеко, 200гр.шеќер, 60 гр. суво грозје, кора од лимон, цимет
Премачкување: 2 белки
Подготовка:
Промешајте го квасецот со малку шеќер, брашно и млака вода и ставете го покриен на топло место да нарасне. Ставете го брашното во сад, додадете го стопениот маргарин, шеќерот, жолчките, солта и ренданата кора од лимон. Промешајте малку и додадете го нараснатиот квасец. Со топло млеко направете замесено тесто (со миксер или со рака) и оставете го покриено да стаса. Замесете го нараснатото тесто лесно и развлечете го на набрашнета работна маса за полесно да се свитка, во едена кора според должината на калапот. Премачкајте го со изладеното полнење, а потоа свиткајте ја штрудлата од двете страни на средина, ставете ја во намастен калап, премачкајте ја со белки и печете околу еден час на температура од 220 ° С.
Полнење: Мелениот афион сварете го со млеко, па додадете шеќер, суво грозје, рендана кора од лимон и цимет, па оставете го да се олади.

Штрудла со ореви

Состојки:
500 гр. брашно,
1 квасец
80 гр.маргарин,
80 гр.шеќер,
2 жолчки од јајце, сол, кора од лимон,
2-3 дл млеко.
Полнење: 300 гр.мелени ореви, 2 дл млеко, 250гр.шеќер, 60 гр. суво грозје, кора од лимон, цимет, рум и ванилин шеќер
Премачкување: 2 белки

Подготовка: Направете го тестото според истиот рецепт како и кај афионот. Стасаното тесто лесно измесете го, исукајте го на набрашнета работна маса. Тестото премачкајте го со фил и преклопете го и ставетего во намастен калап. Печете 50 минути на температура од 220 ° С.
Полнење: Измешајте мелени ореви со шеќер, измиено суво грозје, кора од лимон, цимет, ванилин шеќер и малку рум. Додадете го топлото млеко сè и оставете да се излади.
Печената штрудла посипете ја со шеќер во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име