Дома Твој готвач Традиционален рецепт на модерен начин – ШАРЕН КОЛАЧ

Традиционален рецепт на модерен начин – ШАРЕН КОЛАЧ

1006
0

Имаме рецепт за сочна, мека верзија која ве остава без здив…

Класичниот шарен колач е безвременски хит меѓу десертите. Го прават нашите мајки и баби, а со децении се наоѓа трпезите на сите семејства. Овој класичен колач нè потсетува на детството, и одлично одговара со сите видови топли пијалоци.

Иако спаѓа во категоријата посуви колачи, овој колач ако е правилно направен, не излегува воопшто сув, туку спротивно, сочен и мек, а вкусовите на чоколадо и ванила одлично се вклопуваат.

Шарениот колач е одличен во различни форми – можете да ја направите во форма на куглоф, торта или лепче и секогаш ќе излезе одлично. Со глазура или посипен со шеќер во прав, станува вистинско волшебство, а нашиот рецепт се подготвува едноставно и брзо.

Состојки:

150 гр путер на собна температура,

4 јајца,

1 лажичка арома на ванила,

220 гр шеќер,

300 гр брашно,

2 лажички прашок за пециво,

150 мл млеко,

30 гр какао во прав,

шеќер во прав за посипување,

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подгответе го посакуваниот калап и намастете го со масло или омекнат путер во тенок слој. Изматете ги путерот и шеќерот убаво да станат пенливи.

Додадете ги жолчките постојано мешајќи. Во смесата додадете ги и млеко и брашно и прашокот за пециво и сè мешајте со миксер. Во посебен сад изматете ги белките со шеќерот па постепено додавајте ги во смесата. Се заедно измешајте со шпатула или миксер со најмала брзина. Поделете ја смесата на два дела. Во еден дел додадете какао во прав. Убаво измешајте и ќе добиете темна смеса.

Со лажица додавајте во калапот еднаш од едната смеса, еднаш од другата смеса. Така ќе се добие шарен колач. Печете го колачот 35-40 минути. Оставете го колачот во калапот околу 10 минути и потоа префрлете го на решетката за ладење. Изладениот колач посипете го со шеќер во прав и послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име