Дома Your Chef Топчиња со сирење

Топчиња со сирење

516
0

Топчиња со сирење

Јадење кое брзо се прави, а уште побрзо се јади.

Топчињата со сирење се одлична закуска.

Брзо се прават овие топчиња со сирење, а толку се вкусни што ќе ги снема за кратко време.

Инаку, брзите солени грицки се добредојдени со секое дружење или со гледање на омилените серии за викенди со чаша вино.

Рецептот за овие солени топчиња е многу едноставен и може да се менува во зависност од вашиот вкус или преференции.

Тие можат да бидат позачинети или полесни, со повеќе или помалку зачини.

Рецепт: Брзи погачици со сирење

Состојки:

250 гр свежо сирење

150 гр рендан пармезан

1 лажичка балсамико оцет

1 лажичка ракија

мелени ореви

Подготовка:

  1. Измешајте свежо сирење, пармезан и една лажичка балсамико.
  2. Се додава една лажичка ракија, повторно се меша убаво, се обликуваат топчиња и се валкаат во мелени ореви.
  3. Се остава да се стегне во фрижидер. Послужете ги добро изладени.
Претходна објаваДневен хороскоп за 27 јануари: Јарци, одморете се доволно, Девици, се ќе сфатите на деловен план
Следна објаваИмунитетот ви е слаб и воопшто не можете да се опоравите? Пет навики кои ви го рушат здравјето

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име