Спремни за нецел час, а се неверојатно меки и вкусни…
Овој едноставен рецепт за топчиња со грчки јогурт може да го направат дури и почетниците во кујната.
Можете да ги послужите со домашен џем, крем или сирење. Совршени се за почеток на денот.
Состојки:
- 1 чаша грчки јогурт
- 1 и пол шолја брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- масло за пржење
Подготовка :
- Во поголем сад измешајте грчки јогурт, брашно и прашок за пециво.
- Мешајте со блендер додека не добиете тесто.
- Тестото намачкајте го на површина посипана со брашно и месете неколку минути.
- Со рацете формирајте мали топчиња и пуштете ги во врелото масло, пишува The Thing of Taste.