Дома Your Chef Топчиња од блитва и сирење

Топчиња од блитва и сирење

530
0


Мали, но полни закуски од блитва и сирење.

Состојки:

  • 1 кг блитва
  • 3 јајца
  • 100 гр брашно
  • 100 гр лебни трошки и 3 дополнителни лажици лебни трошки
  • 4 чешниња лук
  • 150 гр сирење
  • 1 лажица сув зачин од зеленчук

Подготовка:

Сварете ги листовите блитва со топла вода, исцедете ги добро и исечкајте. Додадете ситно сецкан лук, едно јајце, сирење, три лажици лебни трошки и зачин. Додадете сол, бибер и мешајте рачно. Земете ја смесата и рачно обликувајте ги топчињата.

Потоа превртете ги во брашно, останатите изматени јајца и лебни трошки, па пржете во поголема количина масло.

Ставете ги на чинија обложена со хартиен бришач за да ја впие маснотијата.

Претходна објаваТрикови кои ќе ви помогнат брзо да се ослободите од лутината и стресот
Следна објаваДали прстите ви се трнат и чувствувате безпомошност? Овие се најчестите причини за овие појави…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име