Дома Здравје Тиква за чиста кожа…

Тиква за чиста кожа…

723
0

Тиквите се вкусни и диетални бидејќи содржат повеќе од 90 отсто вода и малку маснотии. Благодарение на своите состојки тиквите се многу лековити, па се користат во народната медицина и во козметиката. Тиквите всушност содржат изобилство на витамини А, Ц, Е и фолна киселина и минерали – калиум, калциум, селен и фосфор. Маслото добиено од семките особено се цени бидејќи содржи корисни маснотии, јаглеродни хидрати и витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц и Д.Ја чисти кожата…Исхраната втемелена на тикви и на состојки добиени од неа има благотворно дејство врз човековиот организам и врз неговото здравје.Тиквата благодарение на своите состојки, кои влијаат на регулацијата на лојните жлезди, одамна се користи за смирување на воспаленија на кожата и при појава на акни и митесери. Поради овие својства екстракти од тиква има во многу козметички линии за нега на проблематична младешка кожа и воопшто за нечиста и масна кожа.Тиквата изобилува со витамин А, кој во тиквата е во облик на бета каротин, кој, меѓу другото, ја поттикнува размената на материи во кожата. Маската за нега на масна кожа склона кон воспаленија и акни ја чисти кожата и ги стеснува проширените пори. Може да ја подготвите и сами дома, така што ќе направите пире од тиква и ќе го распределите на лицето и ќе го оставите да дејствува 15-ина минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име