Со нив никогаш не можете да погрешите, сите сакаат крофни.
Топла крофни, свежи излезени од рерна?
Па, има ли нешто подобро од нивниот мирис… и вкус, се разбира.
Со малку труд, можете да станете мајстор за правење на крофни.
Пробајте го и уверете се сами!
Состојки:
15 гр квасец
1 лажичка шеќер
2 јајца
200 мл млеко
2 лажици масло
450 гр брашно
малку сол
масло
1 ванилин шеќер
шеќер во прав
Подготовка:
Квасецот издробете го, додадете шеќер и прелијте со малку млака вода. Кога ќе запени додадете ги јајцата и млекото и матете малку со жица. Додадете брашно и замесете тестото да биде помеко и помазно.
Покријте малку да нарасне. Замесете. Исечете лист хартија на помали квадрати. Тестото исечете го на помали парчиња од 20 гр и направете топчиња меѓу дланките.
Се редат на исечени хартии и се покрива да стаса. Спуштете ги крофните заедно со хартијата во маслото и по 5 секунди извадете ја хартијата.
Се пржат на средна температура до зарумени од двете страни.
Извадете, посипете со ванилин шеќер и шеќер во прав.