Дома Health Стар монголски лек против болки во грлото и кашлица: Помага во рок...

Стар монголски лек против болки во грлото и кашлица: Помага во рок од 4 часа

749
0

Стар монголски лек против болки во грлото и кашлица: Помага во рок од 4 часа
Се препорачува за сите кои се склони кон чести настинки и тонзилитис

Рецептот кој ги освои интернет корисниците наводно потекнува од Монголија, а ветува дека ќе се ослободи од болки во грлото, воспаление и кашлица за само четири часа! Што е финтата? Во ким!

Ве боли грлото? Овие три работи помагаат при воспаление

Овој природен „лек“ се препорачува на сите кои се склони кон чести настинки и тонзилитис. Рецептот за кој се верува дека потекнува од монголската медицина, веќе долго време кружи на интернет, а колку е точен сведочат бројните коментари кои можат да се најдат на интернет:

„Имам ќерка која често имаше болки во грлото што веќе не знаев што да правам со неа. Не сакав да и давам антибиотици секој пат. По совет на докторот го пробав овој рецепт и можам да ви кажам дека целосно ни го промени животот. Ќерка ми две години воопшто не е болна, а се ‘оздрави’ за само 4 часа“, напишала една мајка на мрежите.


Еве како се подготвува овој „лек“ против болки во грлото:

Половина шолја семки од ким измелени во мелница за кафе прелијте со една шолја вода и варете 15 минути. Тоа ќе создаде густа смеса која изгледа како талог од кафе. Процедете го, разредете со четвртина шолја вода и повторно варете.

Се трга од оган и „лекот“ е готов. Земете по една лажица на секои 30 минути.

По два часа болката во грлото исчезнува, а ќе почувствувате дека полесно голтате. Можете да ја прекинете „терапијата“ по четири часа. Во случај на тешко воспаление, посетете лекар.

Претходна објаваАко ви тече носот крв, направете една работа и веднаш ќе престане
Следна објаваНе пред ОВАА возраст: На која возраст детето треба да добие ТЕЛЕФОН?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име