Спречете го ‘рчењето со овие трикови
‘Рчењето е навистина непријатна појава која освен што го вознемирува партнерот, го оштетува и вашиот сон. За да се спречи ‘рчењето, потребно е, пред сè, да се најде причината.
Еве неколку едноставни трикови кои можат брзо и ефикасно да го решат овој проблем:
Перница
За да се спречи ‘рчењето потребно е да се ослободат дишните патишта. Најлесен начин да го направите ова е со перница. Спијте на многу тенка или густа двојна перница. И двете варијанти ќе ви овозможат лесно да дишете и со тоа да престанете да ‘рчите.
Избегнувајте млеко
Се препорачува да не консумирате млеко и млечни производи како пробиотици, јогурт и кисело млеко во попладневните часови или пред спиење, бидејќи тие го стимулираат производството на слуз што може да ги блокира дишните патишта и да предизвика ‘рчење.
Намалете ги килограмите
Факт е дека корпулентните луѓе имаат повеќе проблеми со ‘рчењето. Слабеењето е добро за вашето здравје, а ќе го ослободи протокот на воздух, ќе ви го олесни дишењето, а со тоа и спиењето.
Мед
Една лажичка мед пред спиење е здрава за вашето грло и слузокожата, а може да помогне и при проблеми со дишењето, кашлањето и ‘рчењето.
Спијте на страна
Спиењето на грб врши притисок врз дишните патишта, што доведува до ‘рчење, додека положбата на левото или десното рамо ги отвора. Исто така, спиењето на гради без перница може да ви го олесни дишењето. Прашајте и за анатомските перници кои се специјално дизајнирани против ‘рчењето.
Избегнувајте алкохол и дрога
Можете да го спречите и ‘рчењето со избегнување на алкохол и седативи. Иако и двете ќе ви помогнат да спиете многу цврсто, тие ги релаксираат мускулите на грлото, што исто така може да доведе до ‘рчење.
Професионална помош
Ако ниту еден од овие шест трикови не ви помогне, пробајте лепенки против ‘рчењето кои се ефективни и многу лесни за употреба. Ако овие алтернативи не функционираат за вас, единственото нешто што треба да направите е да контактирате со експерт.