Дома Здравје Спречете ги инфекциите на уринарниот тракт со брусница

Спречете ги инфекциите на уринарниот тракт со брусница

637
0

Често се случува пациентите да имаат здравствени компликации поради катетри кои служат за цедење на урината, бидејќи преку нив бактериите полесно влегуваат во телото и предизвикуваат инфекции на крвта или ткивото.

Тоа може да се спречи многу лесно, со пиење сок од брусница, бидејќи новото истражување покажа дека екстракт од ова овошје може да помогне во одржувањето на чистотата на медицинските инструменти.

Брусницата, всушност, го менува однесувањето на бактериите и доколку ги консумирате ќе спречите инфекции на уринарниот тракт.

Некои истражувања веќе покажаа како брусницата може да ги спречи бактериите да се залепат на ѕидовите на уринарниот тракт, благодарение на хемикалиите проантоцијанидини.

Новина е што прашокот од брусница го запира движењето на една бактерија која често се поврзува со тешки инфекции на мочниот меур.

„Ефектите на брусницата кај живите организми сè уште не се целосно истражени, но откривме колку е важно консумирањето брусница во спречувањето на хронични инфекции “, рече Натали Туфенки, професорка на Универзитетот во Монтреал.

Претходна објаваШест совети како да го намалите отокот на нозете
Следна објаваМоќта на хибискус…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име