Дома Живот Со помош на една храна лесно ќе ги отстраните трагите од чашата...

Со помош на една храна лесно ќе ги отстраните трагите од чашата на дрвената маса

859
0

Ако оставите чаша или шолја со пијалок, без подметач, на дрвена маса подолго време, ќе се создаде тркалезна трага која не може да се отстрани само со едно поминување со крпата.

За многумина создавањето на овие траги е вистински кошмар, па се појави трик како да се ослободат од нив во Фејсбук групата Mrs Hinch Cleaning Tips. Без разлика дали се работи за дамка од коктел, кафе, чај или сок, можете да ја отстраните на ист начин – користејќи мајонез!

На дрвена површина ставете малку мајонез и оставете да отстои малку. Земете крпа од микрофибер и тријте, а потоа избришете сè со влажна крпа за да ги отстраните остатоците од мајонез. Мајонезот е одличен и за отстранување на траги од восочни пастели.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име