Дома Интересно Со какви „маки“ би се соочил крокодил доколку се најде во човечкиот...

Со какви „маки“ би се соочил крокодил доколку се најде во човечкиот свет (фото)

798
0

Јапонскиот уметник Кеиго илустрирал како би изгледало просечното „мачење“ на крокодил кога би било во човечкиот свет. Судејќи по галеријата, јасно е дека ова животно не би можело да се прилагоди на нормалните околности, но се на се, барем не насмеа.

Кеиго е уметник кој создава необични и смешни илустрации, често базирани на животни, а овој пат главниот актер е крокодил во човечки свет.

Така, во урнебесната галерија гледаме како изгледа кога крокодил става маска за лице, додека е под чадор, гледа филм на телевизија, се обидува да запали цигара или прави селфи, а сè укажува дека не би биди му воопшто лесен.

Серијата илустрации кои се појавија на една страница на Фејсбук воодушеви многумина, а корисниците признаа дека ги насмеа до солзи.

Излегува дека не е многу погодно да се има голема муцка.

Инаку, Кеиго претходно изјави дека илустрациите на работите кои му лебдат наоколу во неговата глава станале негова секојдневна рутина.

Аматерски почна да црта во 2012 година, а во изминатите 10 години создаде повеќе од 3.000 илустрации. Денес, над милион луѓе го следат на неговиот Инстаграм .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име