Дома Живот Сок од портокал или млеко? Еве што е подобро да се пие...

Сок од портокал или млеко? Еве што е подобро да се пие наутро

1694
0

Започнете го денот со здрав пијалок…

Чаша свеж сок од портокал оди со најчестата слика за здрав појадок и за многумина е незаменлив дел од утринската рутина.


Една чаша сок од портокал содржи во просек 110 калории и ќе ви обезбеди дневна доза на витамин Ц, антиоксиданс кој ја штити кожата од сонцето и мозокот од опасните материи кои се наоѓаат во загадениот воздух. Сепак, премногу сок од портокал може да предизвика оштетување на забната глеѓ.

Истражувањето спроведено на Институтот за орално здравје Истман на Универзитетот во Рочестер покажало слабеење на забната глеѓ за дури 84 отсто кај луѓето кои пиеле сок од портокал пет дена по ред. Слично дејство имаат и другите овошни сокови поради киселината што ја содржат, а многу полош избор е да пиете разни газирани и енергетски пијалоци.


Чаша млеко со 2 отсто млечни масти ќе ви обезбеди 20 отсто од вкупната дневна потреба од протеини и третина од потребната дневна количина на калциум.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат една чаша млеко наутро чувствуваат помалку глад до ручек. Калциумот помага во регулирањето на хормоните кои ја контролираат телесната тежина и не е „агресивен“ за вашите заби како сокот од портокал.

Експертите советуваат задолжително да изберете органско млеко, од домашно одгледување без антибиотици и додадени хормони за раст, бидејќи таквото млеко ќе ви обезбеди количество антиоксиданси што го содржи и сокот од портокал.

Органското млеко содржи 75 отсто повеќе бета-каротин, 50 отсто повеќе витамин Е, антиоксиданс кој го зајакнува имунолошкиот систем и може да биде поефикасен во борбата против некои видови на рак и срцеви заболувања, два до три пати повеќе лутеин и околу 70 отсто повеќе омега. -3 масни киселини.киселина.

Стручен заклучок: Пијте млеко за појадок!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име