Дома Здравје Сокот од алое вера е нов тренд на TikTok, но колку е...

Сокот од алое вера е нов тренд на TikTok, но колку е корисен и здрав?

332
0

На TikTok се појави нов тренд на #здрав начин на живот – сок од алое вера. Се разбира, веднаш се запрашавме дали навистина е здрав како што промовираат тиктокерите.

Позната поговорка вели: „Ние сме она што го јадеме“, но TikTok сè уште тврди: „Ние сме она што го пиеме“. Имено, на оваа социјална мрежа се појави нов тренд кога е здравата исхрана во прашање – сок од алое вера. Според тиктокерите кој го пробал, овој сок промовира здраво варење и ја чисти кожата.

Bria Lemirande е една од тиктокерите која го конзумира овој сок веќе некое време и тврди дека нејзината кожа се исчистила и станала сјајна и затегната откако ќе испиела 30 мл сок од алое вера (двапати неделно) само една недела.

Дали сокот од алое вера е здрав?

Дали овој сок навистина може да го подобри варењето и изгледот на кожата? Експертите велат дека нема многу научни студии на оваа тема, но сокот од ова растение се покажал како ефикасен во намалувањето на појавата на акни.

Алое вера има антиинфламаторни својства и го промовира заздравувањето на раните кога се користи за надворешна употреба. Исто така, сокот од алое вера ја намалува болката и затегнатоста на кожата при изгореници.

Сепак, не постојат опсежни студии кои ги покажале придобивките од Алое вера на кожата, особено ако се консумира нејзиниот сок. Истото важи и за придобивките за цревната флора.

Исто така, експертите предупредуваат дека прекумерното консумирање на сокот од алое вера може да има лаксативно дејство, а на долг рок може да предизвика и рак на дебелото црево.

Заклучокот е дека ако сакате да го испробате овој тренд на TikTok , прво треба да се консултирате со вашиот лекар.

Претходна објаваИдентификувајте ги предизвикувачите на мигрена на време
Следна објаваНајдобрата храна за подигање на енергија според диететичарите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име