Многу вкусен прилог….
Потребни состојки:
200 гр замрзнат или свеж грашок
околу 50 мл млеко (можеби и малку повеќе)
2 чешниња лук, ситно сецкани
сол по вкус
суви билни зачини по вкус
Подготовка:
Сварете грашок. Вака сварениот грашок исцедете го, па добро изгмечете го или исечкајте го, во блендер, што и да имате. На врело масло кратко пропржете го лукот.
Потоа додадете го грашокот и млекото и убаво измешајте со кратко мешање на шпоретот околу 15 секунди. Се трга од оган и се додаваат сувите зачини и солта.
Додадете го како гарнир со секаков вид на месо.