Дома Психолошки совети Совети за да научите како да се сакате себе си…

Совети за да научите како да се сакате себе си…

519
0


Исто како што добрата храна го храни телото, вие храните го умот со позитивни мисли.

Ослободете се од лутината и бесот
Ако треба да врескаш, врескај. Можете исто така да се ослободите од лутина и бес разговарајќи со лицето на кое сте лути. Пишувањето дневници, мисли и емоции често може исто така да помогне во ослободувањето на гневот. Можете исто така да напишете писмо до лицето кое ве повредило. После тоа, искинете го или изгорете го ливчето хартија. Не праќајте му на личноста. Разговарајте со таа личност само кога ќе се смирите и ќе можете конструктивно да ги искажете вашите чувства.

Простете си сами и на другите
Простувањето може да ви помогне да се ослободите од товарот. Исто така, помага да се развијат нови начини на размислување. Кога простувате, ги расчистувате енергетските блокови во телото, помагајќи да се фокусирате на сегашноста, на потенцијалот, целите и продуктивните задачи. Простувањето е подолг процес, но многу ослободувачко, пишува ултра.ба.

Разберете дека не можете да контролирате сè
Иако преземањето одговорност за вашиот живот е од клучно значење, почесто луѓето го мешаат со контрола. Контролирајте само што можете во вашиот живот, да бидете подобра личност, да растете и да се развивате. Имајте верба во себе. Препуштете се на животот, не можете да ги контролирате сите ситуации во животот. Контролата не ни дава чувство на моќ, но создава стрес и вознемиреност.

Размислувај позитивно
Исто како што добрата храна го храни телото, вие го храните умот со позитивни мисли. Моќните позитивни мисли можат значително да го зголемат нивото на самодоверба и подобро да се подготват за предизвиците што претстојат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име