Дома Психолошки совети Смеење: Терапија за внатрешна и надворешна убавина

Смеење: Терапија за внатрешна и надворешна убавина

590
0

Смеата обезбедува остар ум
Луѓето кои често се насмевнуваат живеат, во просек, седум години подолго од оние на кои тоа не им е навика

Едно од најубавите чувства на светот е секако смеата од срце. Само да не радува, би било доволно. Но, смеењето има многу добри ефекти врз целокупното здравје.

Смеењето е еден од најдобрите вродени одбранбени механизми на телото, доброто расположение ги намалува хормоните на стресот, го продолжува животот, одржува остар ум. Сето ова се причините поради кои современиот човек се повеќе избира терапии за смеење, поточно, повторно учи да се смее.

Подолг живот

Луѓето кои често се насмевнуваат живеат, во просек, седум години подолго од оние кои немаат навика, додека луѓето кои имаат проблеми со лошото расположение, како што е депресијата, се поподложни на многу почести здравствени ризици.

Срдечното смеење ја поттикнува работата на дијафрагмата која игра клучна улога во крвотокот и на тој начин ја поттикнува циркулацијата. Имено, постојат докази дека смеењето позитивно влијае на некои аспекти на имунитетот, помага во согорувањето на калориите, а гласното смеење кое трае десет минути може да согори меѓу 10 и 40 калории.

Подобра комуникација

Фактот дека децата се смеат 200 пати на ден, а возрасен само 12, доволно кажува колку лесно забораваме да бидеме среќни.

Токму поради голем број на стресни ситуации и лошиот квалитет на живот, сè попопуларни стануваат терапии со смеа, кои го учат човекот како добро да се смее. Покрај тоа, тие предизвикуваат и низа други резултати, како што се подобрена продуктивност и ефикасност, зголемена самодоверба и подобра комуникација со луѓето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име