Сите придобивки од балсамико оцетот
Гурманите ширум светот воздивнуваат по неговите капки, а слатко-киселиот вкус и уникатниот мирис го прават екстравагантно јадењето во кујната…
Направен од грозје, балсамико оцетот е познат по својот богат вкус и кадифено црна боја. Овој оцет се добива со ферментација во дрвени буриња, исто како и виното, а вкусот исто така се засилува со староста. Тој е многу богат со антиоксиданси , односно има висока содржина на фенолни соединенија и биофлавоноиди, кои се неопходни за човечкото тело.
Овој оцет е направен од грозје, а се добива со ферментација во дрвени буриња, исто како виното.
Антиоксиданси од балсамински оцет:
*Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања
*Го подобруваат менталното здравје и го намалуваат чувството на анксиозност
*Позитивно делуваат на изгледот на кожата
*Го намалуваат ризикот од остеопороза
*Придонесуваат за регулација на крвниот притисок
*Многу се корисни во превенцијата на дијабетес
*Имаат антиканцерогени ефекти
*Го намалуваат ризикот од мозочен удар
*Ги зајакнуваат функциите на мозокот и помагаат во спречување на Алцхајмерова болест
*Имаат докажано антиалергиско дејство
*Имаат антисептички и антимикробни својства
Балсамико оцетот има широк спектар на примени и не го подобрува само вкусот на салатите. Неколку капки даваат посебен вкус на пршутата, јагодите, црешите, сладоледот и супата од тиква. Често се користи и во сосови. Овој оцет ќе додаде посебен шмек на зелената салата, радикиото и рокетата, со кои особено оди добро, како и салатите со домати, краставици и грашок – советуваа нутриционистите.
Балсаминскиот оцет често се користи и во сосови
Балсамико оцет можете да го користите 2-3 пати неделно бидејќи има повеќе калории од јаболковиот и алкохолниот оцет.
Балсамико – 88,2 kcal
Јаболко. оцет – 21 kcal
Алкохолен оцет – 18 kcal