Сите зборуваат за овој рецепт: Едноставна торта со банани и бисквити! (РЕЦЕПТ)
Едноставна и вкусна торта е идеална уживање. Во продолжение прочитајте го рецептот за колачот за кој сите зборуваат и еден од најсподелуваните рецепти на Фејсбук.
Состојки:
- 450 гр мелени бисквити
- 250 гр мелени ореви
- 1,5 кг банани
- 4 жолчки
- 250 гр шеќер во прав
- 250 гр путер
- 100 гр чоколада за готвење
- 3 дл сок од портокал
- сок од еден лимон
Подготовка
- Мелениот бисквит прелијте го со сок од портокал и убаво измешајте.
- Посебно се матат путерот, шеќерот во прав и жолчките.
- Се додаваат натопените бисквити, мелените ореви и се меша додека не се добие компактна смеса.
- Подготвената смеса ја делиме на два дела.
- Половина од филот за бисквити се премачкува во калап за торта обложен со фолија.
- Бананите се посипуваат со сок од лимон и се ставаат врз филот.
- Во вториот дел од филот за бисквити се додава растопената чоколада и убаво се меша. Потоа премачкајте го врз бананите и израмнете го.
- Слатката павлака се мати во тврд шлаг и се премачкува врз колачот.
- Готовиот колач се става во фрижидер да се стегне, а потоа се вади од калапот.