Дома Твој готвач Сите ги сакаат: Проја мафини

Сите ги сакаат: Проја мафини

1673
0

Највкусни и наједноставни за подготовка…

Потребни состојки:

3 јајца
300 мл јогурт
100 мл масло
15 лажици пченкарно брашно брашно
10 лажици бело брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка сол
200 гр сирење
2 шака исчистен спанаќ

Подготовка:


Изматете ги јајцата. Додадете јогурт, масло и сол. Промешајте. Исчистениот спанаќ се вари 5 минути во зовриена солена вода. По 5 минути готвење, спанаќот прелијте го со ладна вода. Извадете го, исцедете го и ситно исечкајте го.

Додадете го брашното и пченкарното брашно измешано со прашок за пециво. Промешајте ја смесата.

Додадете сирење и сечкан спанаќ.

Промешајте.

Подмачкајте калап за мафини. Ставете корпи од хартија за печење. Во секоја корпа додадете две лажици од смесата. Посипете сусам.

Се пече во загреана рерна на 200 C околу 30 минути.

Послужете топло со јогурт или кисело млеко!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име