Дома Здравје Симптоми на слаба циркулација кои никогаш не треба да се игнорираат

Симптоми на слаба циркулација кои никогаш не треба да се игнорираат

2790
0

Лошата циркулација е најчестиот здравствен проблем кој доколку не се лекува може да доведе до срцев и мозочен удар.

Отечени нозе и стопала
Доколку на кожата има видливи траги од чорапи или чевли, тоа според експертите е знак за рана венска инсуфициенција, односно ослабен проток на крв, пишува Eat This Not That.

Диуретиците, посочуваат, не го решаваат овој проблем, но најдобро е да носите медицински компресивни чорапи, да ги ставите стапалата во подигната положба и да ја регулирате телесната тежина доколку е потребно.

Промена на бојата на кожата на стапалата
Темно сината боја на стапалата е знак за долгорочна слаба венска циркулација.
Овие промени на кожата се, како што објаснуваат експертите, оксидирано железо од хемоглобинот во крвта кој останал во екстремитетите без да се врати во горниот дел од телото. Доколку ги забележите овие промени, треба да посетите лекар, советуваат тие.

Вкочанетост во нозете или стапалата
Вкочанетост, пецкање, студенило и бледа кожа се знаци на слаба циркулација. Но, постојат лекови кои можат да помогнат при слаба артериска циркулација во нозете.

Болка во листовите при одење
Болките во потколеницата се симптом на многу слаба циркулација во нозете и треба веднаш да ги види лекар. Овој тип на болка е многу интензивна и не е слична на болката во мускулите поради напор. Болката престанува при одмарање бидејќи на мускулите не им треба повеќе крв отколку при одење.

Ладни и бледи прсти
Помали се шансите да се појават проблеми со циркулацијата во горните екстремитети бидејќи рацете се поблиску до срцето. Ова е синдром на Рејно, кој често се поврзува со автоимуни состојби како лупус или ревматоиден артритис.

Експертите советуваат преглед на автоимуни состојби и посета на ревматолог.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име