Симптоми во устата кои укажуваат дека имате ДИЈАБЕТЕС: Обично ги ИГНОРИРАМЕ
Постојат бројни симптоми.
Постојат многу симптоми кои укажуваат на дијабетес како често мокрење, замор, невообичаени промени на кожата и разни габични инфекции. Сепак, експертите тврдат дека постојат и други симптоми кои укажуваат на тоа дека имате дијабетес, а тие се во вашата уста.
Дијабетесот тип 2 е се почеста болест во светот, а поврзана е со различни фактори како прекумерна тежина и недостаток на физичка активност. Затоа, не е лошо да ги проверите симптомите кои укажуваат на тоа дали боледувате од дијабетес, за навреме да започнете со лекување.
„Дијабетесот е медицинска состојба во која телото не е во состојба да го контролира нивото на шеќер во крвта. Високиот шеќер во крвта може да резултира со зголемување на шеќерот во вашата плунка, што може да ги оштети забите и непцата“, објасни стоматологот Аманда Шихан.
Симптомите кои ги спомна овој стоматолог се: црвени отечени непца кои повремено крварат, непца кои се оттргнуваат од забите, нишани заби, сува уста и лош здив кој останува и по миењето.
Болеста на непцата, позната и како гингивитис, е најчестиот орален здравствен проблем поврзан со дијабетес. Шихан наведува дека гингивитисот се развива кога на забите во близина на линијата на непцата се акумулира плакета и калкулус, што ги иритира и ги воспалува непцата.
Луѓето кои живеат со оваа дијагноза имаат три пати поголеми шанси да имаат проблеми со непцата и забите. Меѓутоа, доколку реагирате на време, можно е да се зачува оралното здравје.
„Луѓето кои живеат со дијабетес тип 2 исто така имаат три пати поголеми шанси да развијат проблеми со забите.