Дома Your Chef Секој има свои омилени ќебапи: Како ги прави Џејми Оливер (рецепт)

Секој има свои омилени ќебапи: Како ги прави Џејми Оливер (рецепт)

316
0

Секој има свои омилени ќебапи: Како ги прави Џејми Оливер (рецепт)
Познатиот готвач Џејми Оливер има своја верзија на ќебап и смета дека смесата треба да се направи барем неколку часа однапред.

Некој мисли дека не може да се најдат добри ќебапи надвор од Сараево, но познатиот готвач Џејми Оливер има своја верзија и смета дека смесата за ќебапите треба да се направи барем неколку часа пред да се стават на скара или во тава.

Еве колку секој вид месо може да издржи во ФРИЖИДЕР, а КОЛКУ во замрзнувач!

Состојки:

  • 750 грама мелено говедско месо
  • 400 грама мелено свинско месо
  • четири чешниња лук
  • две лажички сода бикарбона
  • една лажица мелена пиперка
  • 1 јајце
  • 150 милилитри кисела вода
  • маслиново масло
  • главица кромид
  • еден куп магдонос Подготовка:
  • Говедското и свинското месо ставете ги во голема чинија, а потоа излупете го и исечкајте го лукот. Додадете сода бикарбона, пиперка и зачини. Додадете го јајцето и измешајте ја смесата со раце, па прелијте ја киселата вода да се соедини сè. Месото поделете го на топчиња, па секој дел обликувајте го во ќебап – долг околу десет сантиметри и широк околу два сантиметри. Ќебапите ставете ги на подмачкан плех, покријте ги со фолија и оставете ги да се одморат во фрижидер. Печете ги на скара, или во тавче на шпорет на средна температура, не подолго од 15 минути.



Претходна објаваКога икањето е сосема безопасно, а кога е симптом за на лекар
Следна објаваМозолчиња што се јавуваат околу очите: Само не ги допирајте

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име