Дома Позитив на денот Светски ден на театарот – 27 март…

Светски ден на театарот – 27 март…

567
0

Светлата се затемнуваат, публиката е наседната… Како што се крева завесата, неколкумесечната подготовка се остварува, а една приказна оживува. Светскиот ден на театарот ја слави важноста на театарската уметност бидејќи таа продолжува да се движи, забавува, поучува и менува.
Светскиот ден на театарот се одбележува секоја година на 27 март. Меѓународниот театарски институт го создаде денот во 1961 година и секоја година нивната порака се шири низ сцените низ целиот свет преку драматични претстави.

Светскиот ден на театарот 2021(порака)

Авторка на пораката: Хелен Мирен (актерка), Велика Британија

„Ова време е многу тешко за изведувачките уметности; тешко е за многуте уметници, техничари и занаетчии; за жените кои се борат за своето место во оваа професија, која бездруго е обележена со несигурност.
Можеби оваа постојано присутна несигурност, ги направи театарџиите поспособни да ја преживеат оваа пандемија со мудрост и храброст.
Нивната имагинација како да самата се преведува и пренесува, во овие нови околности, во овие инвентивни, забавни и трогателни начини на комуникација, благодарејќи на насоките кои интернетот претежно ни ги наметнува.
Луѓето меѓусебно си раскажувале приказни откако постојат на планетава. Убавата култура на театарот ќе живее додека ние опстојуваме на неа.
Креативниот нагон на писателите, дизајнерите, танчерите, актерите, музичарите, режисерите, никогаш нема да биде потиснат, а во блиската иднина тој повторно ќе процвета, со една нова енергија и нови разбирања на светов, кој сите ние го делиме.
Едвај чекам!’’

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име