Дома Interesting Светкави велигденски јајца се хит овој Велигден: Еве како можете да ги...

Светкави велигденски јајца се хит овој Велигден: Еве како можете да ги направите

1047
0

Светкави велигденски јајца се хит овој Велигден: Еве како можете да ги направите

Оваа година, особено еден нов тренд привлекува внимание, имено јајцата кои се чини дека се посипани со сјај.

Вапсувањето јајца за Велигден е долга и богата традиција која со векови се практикува во многу земји. Овој обичај влече корени во христијанството бидејќи јајцата го симболизираат воскресението и новиот живот.

ЕВЕ КАКО ДА ГИ НАПРАВИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА ЗЛАТНИ! Техника која ги полуде луѓето на мрежите (ВИДЕО)

Во многу земји, јајцата традиционално се бојадисуваат во црвено, што ја симболизира крвта што е пролеана за да се спаси светот. Но, во денешно време, луѓето почнаа да експериментираат со различни бои и дезени за да додадат свој шмек на традицијата. Така се појавија различни техники за боење јајца, како фарбање со восок и слично.

Оваа година, особено еден нов тренд привлекува внимание, имено јајцата кои се чини дека се посипани со сјај.

Сè што ви е потребно за „сјајните“ велигденски јајца е – вино.

Во сад ставете ги јајцата и додајте го ладното вино по избор (црно или бело) и варете додека виното не зоврие и потоа оставете го да се готви уште 5 минути. Варените јајца оставете ги да отстојат во садот со виното во кој се варени најмалку осум часа или преку ноќ. Во овој период на нив ќе се појави забен камен кој на лушпата ќе и даде блескав сјај, како јајцето да е покриено со сјај.

Јајцата варени во црвено вино имаат светкава црвена боја, а на оние варени во бело вино мора да додадете вештачка боја.


Претходна објаваКако да го неутрализирате мирисот на лук и кромид во устата
Следна објаваВелигденски венци од тесто: Едноставно и лесно направете традиционално пециво кое ќе биде најубавиот украс на трпезата

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име