Дома Здравје Рузмарин – користете го за здрав дигестивниот систем, но и за подобра...

Рузмарин – користете го за здрав дигестивниот систем, но и за подобра концентрација

190
0

Рузмаринот е лековито растение. Расте во форма на грмушка и расте до три метри во висина.

Има тесни лисја кои даваат пријатна арома и се одличен зачин во многу медитерански јадења. Неговите лековити својства се познати уште од античко време, особено во медитеранската област.

Помага при варење на храната…

Чајот од рузмарин се користи при варење на храната (надуеност, бавно варење), ревматски заболувања, проблеми со жолчката . Рузмаринот го стимулира излачувањето на урината и добро влијае на црниот дроб.

Тој е ефикасен против бактерии (стафилококи, стрептококи, ешерихија) и габи (кандида).

За подобра концентрација…

Маслото од рузмарин служи за проширување на крвните садови, циркулацијата и овозможува подобра концентрација и меморија. Особено е ефикасен во подобрувањето на функцијата на црниот дроб и жолчното кесе, што придонесува за подобрување на општата состојба на целиот организам.

За да се отстранат овие заболувања, се пие чај од рузмарин, две чаши на ден. Познато е дека има корисен ефект врз мозокот, како што покажаа некои истражувања, ова се само еден мал број во низата на неговите позитивни карактеристики.

Го намалува ризикот од малигни заболувања, како што е рак на кожата, и го зајакнува имунитетот.

Свеж или сушен рузмарин?

Секогаш кога е можно, изберете свеж рузмарин наместо сушен бидејќи е побогат со вкус и арома. Пред да готвите, исплакнете го рузмаринот под млаз вода и исушете го. Повеќето рецепти бараат игли од рузмарин што можете да ги отстраните од гранче со едноставно удар на раката. Но, можете да додадете и цела гранче во супи и јадења со месо, без разлика дали се за готвење или украсување .

Претходна објаваХРИСТОС СЕ РОДИ!
Следна објаваВе мачи непродуктивноста? Време е за зимски одмор!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име