Дома Your Chef Ролат од месо во лиснато тесто

Ролат од месо во лиснато тесто

195
0

Ролат од месо во лиснато тесто.
Јадење кое ги радува сите сетила.

Веруваме дека не еднаш сте се нашле во ситуација да треба да направите ручек за неколку луѓе во еден час, а немате инспирација. Затоа за вас подготвивме рецепт ролат од месо кој секогаш може да послужи како „кец во ракав“.

Ролат со месо во лиснато тесто брзо се подготвува, а кога ќе му додадете богата салата, ќе имате комплетен оброк.

Состојки:
1 пакување лиснато тесто
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 кг мелено месо
1 јајце
2 лажички микс за зачини
сол, бибер
200 гр ситно сирење
2 моркови
1 жолчка за премачкување

Како секогаш да го изберете најсвежото парче месо: Искусен месар откри шопинг трикови


Подготовка:
На работната површина посипете малку брашно, а потоа ставете го лиснатото тесто и расукајте го, но внимавајте да не е премногу тенко.

Кромидот, лукот и морковот ситно исечкајте ги, па во поголем сад измешајте ги со месото.
Додадете зачини, јајце и сирење и сè добро измешајте.

Рамномерно распоредете го месото врз лиснатото тесто.

Внимателно завиткајте го ролатот, па префрлете го во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

Изматете ги жолчките и премачкајте го ролатот.

Ролатот се пече во загреана рерна околу еден час на 180 степени.

Кога е готов, послужете го со вашата омилена салата.

Претходна објаваИмате болки во грлото и отежнато голтање: Овие намирници ќе помогнат и ќе го забрзаат закрепнувањето
Следна објаваСовет од психолог кој може да ви го спаси бракот: Ако сакате ХАРМОНИЧНА врска, треба да исполните три услови

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име