Дома Твој Готвач Рижото со куркума (рецепт)

Рижото со куркума (рецепт)

210
0

Рижото со фантастичен вкус.

Состојки:

– 1 мал кромид

– маслиново масло

– 200 гр ориз

– 1 тиквичка

– 2 моркови

– 200 гр пилешко

– 1 лажчка куркума

– сол, бибер

– коцка супа или вода

-1 лажица путер

– пармезан за посипување

Подготовка:

Кромидот исечкајте го на коцки и пржете го во маслиново масло. Додадете ги морковот и пилешкото исечкано на коцки и оставете да добие златна боја.

Додадете го оризот и прелијте ја супата или водата додека оризот не стане ал денте.

Пет минути пред крајот на варењето додадете ги тиквичките исечени на коцки. Сол, бибер и додадете една кафена лажичка куркума.

Промешајте да се соединат состојките и на крајот додадете една лажица путер за да направите кремасто рижото.

При сервирање, изрендајте пармезан врз рижото.

Претходна објаваЛезии на кожата
Следна објаваРецепт на денот: Џем од аронија без грам шеќер се подготвува многу брзо, а погоден е за дијабетичари и анемични

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име