Дома Life Решете го проблемот со ‘рчењето: Сменете неколку лоши навики кои водат до...

Решете го проблемот со ‘рчењето: Сменете неколку лоши навики кои водат до оваа ПОЈАВА!

1152
0

Решете го проблемот со ‘рчењето: Сменете неколку лоши навики кои водат до оваа ПОЈАВА!
Следете ги советите за да ја елиминирате оваа постојана болест….
‘Рчењето може да биде голем проблем за многу луѓе, особено ако се во врска или брак, па на личноста од другата страна на креветот тешко може да заспие покрај постојаните звуци на партнерот.

Чаша млеко пред спиење: Ќе видите 5 промени во вашето тело

За да се реши проблемот со ‘рчењето, неопходно е да се сменат навиките за живот, бидејќи на оваа појава влијаат вишокот килограми, алкохолот, пушењето, недостатокот на сон…

Ви предлагаме неколку совети кои можат да ви помогнат да го намалите или целосно да го отстраните овој постојан проблем.


Дали знаевте дека речиси една третина од луѓето на возраст од 55 до 84 години ‘рчат?

Ако сте со прекумерна тежина, или не сте доволно физички активни, ослабнете се и мрдајте се, бидејќи дебелите луѓе ‘рчат почесто од слабите, поради послабиот премин на кислород низ телото.

Престанете да пиете алкохол, бидејќи ги опушта мускулите на јазикот и грлото, што делумно го блокира протокот на воздух при дишењето, што доведува до ‘рчење.


Исфрлете ги и цигарите. Чадот од тутун има лош ефект врз носните пасуси и синусите. Не спијте на грб, бидејќи тогаш јазикот ви паѓа назад и испушта заглушувачки звуци. Обидете се да спиете на страна. Дувнете го носот непосредно пред спиење или вдишете – ова ќе ги отвори носните пасуси и ќе го подобри дишењето.

Ако сте навикнати да спиете само неколку часа во просек, поголема е веројатноста да ‘рчите. Неправилниот сон може да доведе до неурамнотежено дишење за време на спиењето.

Претходна објаваПалента од рерна со зеленчук и јајца
Следна објаваЗа здрава штитна жлезда: Седум намирници кои содржат јод

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име