Дома Твој готвач Рецепт: Полнети тиквички од рерна

Рецепт: Полнети тиквички од рерна

599
0

Ручек со зеленчук и месо кое брзо се подготвува.

Состојки:

– 2 тиквички

– 1 пиперка

– 250 гр мелено месо

– 1 главица кромид

– 2 чешниња лук

– 100 мл пасирани домати

– 2 лажици масло

– сол, бибер, оригано

– 50 гр сирење за посипување

Подготовка:

Подгответе ги сите состојки, а плехот премачкајте го со малку масло.

Тиквичките пресечете ги на половина и направете вдлабнатина и исечете ги на ситни парчиња.

Загрејте, испржете ги кромидот и лукот, додадете мелено месо и кратко пропржете. Потоа додадете црвен пипер, ситно исечканите внатрешен дел од тиквичките и пржете неколку минути.

Додадете пасиран домат, зачинете со сол, бибер и оригано. Така динстајте неколку минути.

Со оваа смеса наполнете ги тиквичките, одозгора посипете го сирењето и печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име