Дома Твој Готвач Рецепт на нашите баби за класичен сутлијаш

Рецепт на нашите баби за класичен сутлијаш

126
0

Почастете се со појадок или десерт кој потсетува на детството …
Рецептот е стар скоро половина век и затоа начинот на подготовка е малку архаичен. Токму тоа е шармот!

Тајната кога готвите ориз во млеко на тивок оган е повремено да погледнете за да бидете сигурни дека го апсорбирал млекото. Класичниот сутлијаш со неколку додатоци, можете да го трансформирате од старомоден појадок во извонреден десерт . Во млекото можете да ставите стапче ванила, цимет, рум, кафе, па дури и стопено чоколадо, а потоа да измешате суво овошје, ореви, џем, додатоци од овошје …

Состојки :

150 гр ориз
750 мл млеко
4 лажици шеќер
малку сол

Подготовка:

Варете го оризот во вода три минути, а потоа исцедете го.
Додадете малку сол во млекото, ставете го на оган и почекајте да зоврие, па додадете го оризот.
Гответе на тивок оган додека оризот не го впие млекото и не мешајте.
Додадете шеќер во врелиот ориз и нежно измешајте со вилушка за да ги задржите зрната цели.

Претходна објаваСмути за чистење на организмот…
Следна објаваПриродни начини да се смирите по стресни настани

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име