Дома Твој готвач Рецепт: Колачиња од ванила со ореви и џем

Рецепт: Колачиња од ванила со ореви и џем

1821
0

Стари добри колачиња од ванила кои потсетуваат на детството.

Состојки:

Тесто:

  • 250 гр маргарин
  • 3 лажици шеќер
  • сок од половина лимон
  • 400 гр брашно
  • 50 гр мелени ореви
  • џем по желба

За посипување:

  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 150 гр шеќер во прав

Подготовка:

Месете го тестото и веднаш разблешете го до половина сантиметар дебела кора.

Со мал калап извадете ги колачињата и ставете ги во плех што не треба да се подмачка.

Се пече во рерна загреана на 200 степени малку да заруменат.

Извадете ги колачињата од плехот за да се изладат малку, па соединете ги со џемот две по две.

Измешајте ванилин шеќер со шеќер во прав и посипете ги колачиња.

Добар апетит!

Извор: Coolinarika

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име