Дома Your Chef Рецепт за пастрмка каков што досега не сте пробале: Риба во рерна...

Рецепт за пастрмка каков што досега не сте пробале: Риба во рерна со зеленчук, чиј вкус ќе ве воодушеви

662
0

Рецепт за пастрмка каков што досега не сте пробале: Риба во рерна со зеленчук, чиј вкус ќе ве воодушеви

За оние кои сакаат риба, ова е идеален и лесен начин да уживаат во вкусен залак


Рибата е една од најздравите намирници која генерално не ја користиме доволно во исхраната, а често ја сметаме за комплицирана при подготовката. Меѓутоа, ако го направите според овој едноставен рецепт , често ќе се враќате на ова јадење.

Компоненти:

2 поголеми пастрмки

1/2 кг компири

5 чери домати

2 лимони

сол, бибер

магдонос

маслиново масло

чешне лук

Подготовка:
Исчистената пастрмка измијте ја, исушете ја и посолете ја добро, па оставете ја во фрижидер. Исецкајте ситно чешне лук и магдонос, исцедете половина лимон во него и додадете малку маслиново масло . Измешајте сè, па премачкајте ја рибата внатре и надвор.

Компирите излупете ги и исечете ги на поголеми парчиња, а чери доматите исечете ги на половина. Исечете еден лимон на тенки кругови .

Ставете ги компирите и доматите во длабок плех или во сад отпорен на рерна. Зачинете со сол и бибер. Потоа наредете ги прстените од лимон, па ставете ја рибата која ќе ја исечете на три места, прелијте ја со маслиново масло и покријте ја со алуминиумска фолија. Се става во рерна загреана на 180 степени.

Печете 35 минути, потоа извадете ја фолијата и оставете да се пече уште 15 минути за пастрмката да добие крцкава кора . Другата половина од вториот лимон исечете ја на кришки и послужете ја со рибата која можете да ја посипете и со малку сечкан магдонос.

Послужете топло со сезонска салата.

Претходна објаваКои се најевтините градови во Европа за патување како двојка?
Следна објаваДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕТОК 7-ми АПРИЛ! Близнаците ќе се заљубат, Раковите се склони кон мечтаење

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име