Дома Твој Готвач Рецепт за одличен ручек во кој сите уживаат на маса

Рецепт за одличен ручек во кој сите уживаат на маса

734
0

Пробајте, нема да можете да одолеете…

Ќофтиња и шпагети се две јадења кои одлично одат со сите генерации, а комбинирани во едно јадење прават добитна комбинација за одличен ручек во кој уживаат сите
Шпагети и ќофтиња во сос од домати се вкусно, едноставно и совршено јадење за уживање со семејството. Ќофтињата прво се пржат накратко во тава што им дава посебен ’вкус’, а потоа се варат во вкусен доматен сос. На крај сè соединете со шпагети и посипете со малку пармезан. Пробајте, нема да можете да одолеете.

Потребни состојки за сосот:

400 гр пире од домати
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
1 лажица шеќер
2 лажички суво оригано
сол
црн пипер

Потребни состојки за ќофтиња:
500 гр мелено месо
1 чешне лук
1 јајце
2 лажици лебни трошки
2 лажици брашно
1 лажица сечкан свеж магдонос
сол
мелку пипер

Други потребни состојки:
320 гр шпагети
рендан пармезан по желба
свеж магдонос за украсување

Подготовка:
За сос: излупете го и исечкајте го лукот. Пропржете го кратко во тава на средна топлина. Додадете ги сечканите домати и оставете да зоврие.

Намалете ја топлината, додадете шеќер, оригано и малку сол и бибер и варете 15 минути на тивок оган.

За ќофтиња: излупете го и исечкајте го лукот. Во сад се ставаат меленото месо, лукот, магдоносот, јајцето, лебните трошки и прстофат сол и бибер. Сè убаво измешајте додека не добиете изедначена смеса.

Со набрашнени раце обликувајте ги топчињата и пржете ги во тава на масло. По печењето ставете на кујнска хартија да се впие вишокот маснотии.

Во подготвениот домат сос додадете ќофтиња и вратете ги на оган 2 минути.

Потоа сварете ги шпагетите во солена вода според упатствата на производителот.

За сервирање, ставете шпагети на чинија, а одозгора ќофтиња со сос. Одозгора посипете малку рендан пармезан и украсете со листови магдонос.

Претходна објаваОваа храна е добра за мозокот…
Следна објаваЈапонски трикови за воспитување деца кои можат да му послужат на секого

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име