Рецепт за меки панцероти со јогурт (БЕЗ КВАСЕЦ)
Брза и вкусна вечера која ќе ја снема за 5 минути
Панцеротите се одлична идеја за брза вечера или појадок.
Сите видови пецива се секогаш омилен избор за појадок или вечера, па панцеротите се хит кај многу луѓе.
Компоненти:
2 чаши брашно
1 чаша јогурт
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
200 гр шунка
100 гр сирење
2 лажици сос од домати
Подготовка:
Замесете тесто со мешање брашно, јогурт, прашок за пециво, сол и шеќер.
Од смесата направете шест топчиња и оставете ги да отстојат 20 минути.
За тоа време подгответе го филот така што ќе ја изрендате шунката, па измешајте ја со сирење/кашкавал и сос од домати.
Кога ќе поминат 20 минути, секое топче израмнете го со сукало и направете круг од тестото, па на едната половина истурете го филот и преклопете ги притискајќи ги краевите со вилушка.
Можете да ги пржите во тава , така што ќе го загреете маслото и ќе ја пржите панцеротата да порумени, а потоа ќе ги ставите на салфетка за да се исцеди маслото.
Ако сакате да ги печете во рерна , оставете ги топчињата да одморат 30 минути пред да ги наполните, премачкајте ги со јајце и печете ги околу 20 минути во рерна што сте ја загреале на 200 степени