РЕЦЕПТ ЗА ЛУДО ТЕСТО! Може да се користи за правење кифлички, пици, лепчиња…
Доколку сакате да направите домашни кифлички или пица, ви го откриваме рецептот за лудо тесто.
Компоненти:
500 грама брашно
1 лажичка сол
1 лажичка сув квасец
1 лажичка шеќер
325 мл топла вода
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги брашното, солта, квасецот и шеќерот. Добро измешајте.
Во смесата од состојките сипете топла вода и месете го тестото додека не се формира компактна и мазна маса. Додадетео маслиново масло и продолжете со мешањето додека не се соединат сите состојки.
Месете 5-10 минути, додека не стане еластично и не почне да се одвојува од рабовите на садот.
Покријте го садот со крпа или пластична фолија и оставете го тестото да нарасне на топло место околу 1 час или додека не се удвои во големина.
Откако ќе нарасне тестото, месете го уште неколку минути и поделете го на 2-3 еднакви делови, во зависност од тоа што подготвувате.
Секое парче тесто развлечете го на набрашнета површина.
Ставете ги саканите состојки на тестото и печете во рерна на 220 степени околу 10-15 минути или додека тестото не стане крцкаво и златно кафеаво.
Забелешка:
Тестото Лудо може да биде основа за разни други италијански специјалитети, како што се калзони, фокачи… Покрај тоа, можете да додадете разни зачини на тестото за да му дадете дополнителен вкус и арома.