Дома Твој Готвач Рецепт за ЕДНОСТАВЕН ПОЈАДОК готов за 5 минути

Рецепт за ЕДНОСТАВЕН ПОЈАДОК готов за 5 минути

247
0

Едноставен, брз и вкусен појадок, подобра опција нема!

Кога ќе ги отвориме очите, честопати мразиме да подготвуваме некои комплицирани рецепти, па сето тоа завршува со првото нешто што ќе го видите во фрижидерот.

Во продолжение ви претставуваме рецепт за едноставен појадок кој ќе биде готов за само 5 минути.

Состојки:

4 тортиљи
3 јајца
сол, бибер
100 гр шунка
120 гр рендано сирење
1 домат
путер за подмачкување


Подготовка:

Намачкајте ја тавата со путер. Јајцата се матат, се посолуваат и бибер по вкус.

Истурете половина од јајцата во тавата .

Одозгора ставете ја првата тортиља, па шунката, сирењето, па втората тортиљата, доматот и сирењето.

Потоа ставете ја третата тортиљата, шунката и сирењето и одозгора ставете ја четвртата и последна тортиља

Одозгора премачкајте ги останатите јајца, покријте ги и ставете ги на шпорет на ниска температура.

По пет минути превртете го и повторно поклопете, па пржете уште пет минути.

Претходна објаваЗошто несаканите ефекти од лекот ги погодуваат особено жените? еве го одговорот
Следна објаваНалепниците на бананите не ги има случајно, а еден БРОЈ е многу важен

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име