Дома Твој Готвач Рецепт за баклава со бадеми и суво грозје

Рецепт за баклава со бадеми и суво грозје

353
0


Малку поинаква баклава во која ќе уживате.

Состојки:
– 1 пакување тенки кори за баклава околу 500гр.

Полнење:
– 250 гр путер

– 200 гр бадеми

– 80 гр суво грозје

– 1 рендано морско оревче

Сируп
– 300 гр шеќер

– 500 мл вода

  • 1 ванилин шеќер

– сок од 1 лимон

Подготовка
Покријте го плехот со растопен путер и ставете четири до пет кори на дното и секоја посипете ја со стопен путер.

Секоја кора посипете ја со мешавина од мелени бадеми, суво грозје и рендано морско оревче додека не се потроши филот.

На самиот крај наредете ги преостанатите четири до пет кори.

Пред печењето, баклавата исечкајте ја со нож во форма на ромб или коцка и прелијте ја со растопен путер. Баклавата се пече во рерна на околу 200 степени додека не добие убава кафена боја.

Испечената баклава прелијте ја со изладениот сируп и оставете ја околу два часа да се впие.

Сирупот подгответе го така што убаво ќе зовријат шеќерот, ванилиниот шеќер и водата, а потоа додадете го сокот од лимон.

Претходна објаваКако да приредите закуска за празничната трпеза
Следна објаваЕдно јаболко на ден против дијабетес

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име