Дома Твој Готвач Рецепт: Бисквит колачиња со какао и јаткасти плодови

Рецепт: Бисквит колачиња со какао и јаткасти плодови

457
0

Фантастични какао бисквит колачиња, со јаткасти плодови по ваш избор.

Состојки:

  • 100 гр шеќер
  • 60 гр путер
  • 1 јајце
  • 100 гр брашно
  • 20 гр какао во прав
  • прстофат сол
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/3 лажичка мелен цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 50 гр крупно сечкани ореви или други јаткасти плодови

Подготовка:

Оревите или другите јаткасти плодови ситно исечкајте ги.

Во сад измешајте путер со шеќер, па додадете јајце.

Продолжете со мешање додека смесата не се згусне и не стане пенеста.

Додадете екстракт од ванила, брашно, какао, сол и прашок за пециво.

Се меша на мала брзина, само да се соединат состојките. додадете ги оревите, со лажица измешајте ги оревите или други јаткасти плодви по ваш избор.

Ставете ја смесата во фрижидер половина час.

Потоа земете ја смесата со лажица и ставете ја на плех обложен со хартија за печење.

Се пече на 180 степени, околу 15 минути.

Кога ќе се излади по желба посипете со шеќер во прав, па ставете во кутија за бисквити.

Добар апетит…

Извор:Coolinarika

Google search engine
Претходна објаваСо овие совети вратете ја цревната микрофлора за само неколку дена
Следна објаваКако да утешите некој?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име