Дома Живот (РЕЦЕПТ)Модринките се сосема безопасни, но доколку сакате што побрзо да се ослободите...

(РЕЦЕПТ)Модринките се сосема безопасни, но доколку сакате што побрзо да се ослободите од нив…

1146
0

Модринки лесно се добиваат поради кревките капилари во кожата. Секој пат кога овие мали крвни садови ќе пукнат, се пролева малку крв, оставајќи ситни црвени дамки на кожата (петехии) и синкаво-виолетови модринки (пурпура).

Се чини дека жените се повеќе склони да добијат модринки поради полесни повреди отколку мажите, особено на бутовите, задникот или надлактиците.

За повеќето луѓе, состојбата не е сериозна, но лесните модринки може да бидат знак дека нешто не е во ред со елементите на згрутчување на крвта, најверојатно со тромбоцитите. Доколку постојат такви проблеми, тестовите на крвта можат да ги потврдат.


Постарите луѓе се особено чувствителни на лесни модринки по удари и падови бидејќи имаат кревки крвни садови и потенок слој на маснотии под кожата. Крвта тече од оштетените крвни садови создавајќи длабоки виолетови дамки (хематоми) кои можат да траат долго и да ја променат бојата.

Модринките не се опасни затоа не е потребен третман. Но, ако сакате да се ослободите од нив што е можно поскоро, тоа можете многу ефикасно да го постигнете со компири.

Компирите сварете ги со кората, па излупете ги и направете пире. Во него додадете малку мед и обична вода, а смесата ставете ја на модрината.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име